Во Осло измерени рекордни минус 31,1 степени

Во Осло главниот град на Норвешка, изминатата ноќ темпетратурата се спушти под минус 30 степени, што е историски минумум отакако се вршат метереолошки мерења.
Минус 31,1 степени Целзиусови се забележани во Бјорнхолт во северниот дел на главниот град, соопшти Норвешкиот метеоролошки институт.
Минусниот рекорд е регистриран ноќеска меѓу 3 и 4 часот по локално време на шумска метеоролошка станица, каде што највисоката температура во последните 24 часа била минус 21,9 степени.
Во центарот на Осло во текот на ноќта се измерени минус 21,5 степени. Северна Европа веќе неколку дена е зафатена од студ и ниски температури.
Рекордни минус 43,6 степени Целзиусови во средата беа измерени на северот на Шведска, што е најниска температура забележана таму во последните 25 години.
Ново на Сител
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
