Во оружен напад убиени шест полицајци во Мексико
Вооружени мажи извршија вчера напад врз полициски конвој во западниот дел на Мексико, обидувајќи се да ослободат затвореник, при што се убиени шест полицајци, соопштија локалните власти.
Тоа е најсериозниот напад извршен од криминална банда, откако во саботата стапи на должност новиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој вети дека ќе ја намали стапката на насилство во земјата.
Јавниот обвинител на државата Халиско, Марисела Гомез Кобос изјави дека вооружената група патувала со три возила и го нападнала полицискиот конвој во близина на автопатот. Еден од напаѓачите бил повреден и уапсен.
Останатите напаѓачи избегале и направиле две барикади на патот со опожарени автомобили. Наркокартелите во Мекиско често употребуваат таква тактика, со цел да си обезбедат пат за бегство.
Во државата, каде што е извршен нападот, дејствува наркокартелот „Халиско – Нова генерација“.
Ново на Сител
-
Кривична за тетовец вработен во јавно претпријатие, парите не ги предал во благајна туку ги присвоил за себе
-
Приведен 39-годишен скопјанец, ги нападнал сестрата и неговата мајка
-
Европол: Уапсени 30 лица вмешани во трговија со луѓе во Шпанија и во Хрватска
-
Потрошувачите во Хрватска повикани на неделен бојкот на малопродажните синџири и производи
-
АМСМ: Магла во Битола и Прилеп, видливоста од 50 до 100 метри
-
Комеморација во Аушвиц: Преживеаните сведочат за ужасите на Холокаустот
-
Утре без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров
-
Кривична пријава против велешанец за криумчарење на тројца мигранти