Во Општина Виница се подготовуваат урбанистички планови за населените места
Од почетокот на оваа година во Општина Виница се усвоени четири детални урбанистички планови, а во фаза на донесување се уште два кои се однесуваат на централното градско подрачје.
Веќе се одржа јавна расправа со граѓаните и со заинтересираните правни субјекти во врска со предложените урбанистички решенија, а во тек е јавната анкета на која тие можат да ги доставуваат своите забелешки и предлози за измени во планските документи.
– Работиме на донесување на вкупно девет детални урбанистички планови, од кои два се во завршна постапка. Во напредна фаза е и усвојувањето на планот за градскиот блок во околината на Здравствениот дом, за што наскоро ќе се одржи јавна расправа. Во исто време се подготвуваат и детални урбанистички планови за селата Блатец, Истибања, Лески, Лаки и Трсино, кои досега немаа никаквиа планска документација, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.
Двата детални урбанистички плана, за кои до крајот на декември трае јавната анкета, се однесуваат за просторот околу градскиот пазар во Виница, чија површина е 0,6 хектари и за околината на каналот за наводнување од Градечка Река, што опфаќа простор од 8,5 хектари.
Според нацрт-планот на овие локации ќе можат да се градат згради за индивидуалнио и колективно домување, објекти за комерцијални и деловни намени, односно големи трговски единици, а предвиден е и простор за зеленило со спортско-рекреативни содржини.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга