Во општина Новаци концерт на пејачката фолклорна група „Зорница“ од Варна
Манифестацијата забавно-културно „Лето во Новаци 2018“ продолжи со настап на пејачката фолклорна група „Зорница“ од бугарскиот град Варна.
Пред публиката во Новаци, гостите од Бугарија се претставија со автентични народни костими и автентични изворни песни карактеристични за регионот на Варна.
До крајот на годинешното забавно-културно „Лето во Новаци 2018“ ќе се одржат модна ревија за деца и млади, песни од детскиот фестивал „Тра ла ла“, Етно илинденски концерт, пелагониски културно уметнички средби, концерт на Татјана Лазаревска, концерт на Трио гитари, хуманитарна изложба на слики „Убавините на општина Новаци“, документарен филм за Новаци и Фестивал „Летен хит на Македонија 2018“, кој ќе се одржи во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Новаци со кој ќе биде затворено овогодинешното културно лето, информираат од тамошната локална самоуправа.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност