Во општина Карбинци ќе се гради пречистителна станица

Градоначалникот на општина Карбинци Зоран Минов денеска го потпиша договорот со Швајцарската агенција СЕКО за изградба на пречистителна станица за отпадни води.
Минов информира дека за изградбата на пречистителната станица добиле грант од 33 милиони денари од оваа агенција, а тие како општина треба да партиципираат 16,7 отсто од вредноста на проектот.
- Овој грант е за изградба на пречистителна станица во селото Карбинци, а нејзината изградба треба да биде завршена до првата половина на 2016 година. Овој проект во рамките на Планот за управување со речнииот слив на Брегалница, така да се надеваме дека на овој начин општините ќе ја заштитиме реката Брегалница, рече Минов.
Тој додаде дека Швајцарската агенција СЕКО која ги донира средствата, го има завршено и тендерот за изградбата на пречистителната станица, а хрватска фирма го има добиено, со што се очекува во текот на наредниот период да почнат и градежните работи.
Ново на Сител
-

СДСМ: Власта крати средства за младите
-

Николоски: Ќе надминеме 4 милиони патници годишно
-

Оризопроизводителите пред колапс, ниски цени, висок револт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
