Во Општина Карбинци ќе се гради брана на реката Козјак
Над 3000 жители на руралната Општина Карбинци ја чекаат изградбата на браната на реката Козјак. Одлучено е оваа брана да се гради со пари од 10 годишната Програма за изградба на акумулации и водоснадителни објекти на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Градоначалникот на Општина Карбинци, Зоран Минов вели дека акумулацијата ќе донесе поголем развој на земјоделството и сточарството, бидејќи од оваа акумулација ќе се наводнуваат земјоделските површини на повеќе села во општината.
- Благодарение на Владата акумулацијата на Козјачка река е влезена во Програмата, така да во наредниот 10 годишен план ќе се изгради браната и ќе биде една голема придобивка.Оваа брана е од круцијално значење за Општина Карбинци, така да кога ќе биде изградена, таа ќе го наводнува нашето поле, вели Минов.
Согласно првичниот проект, изградбата на акумулацијата требало да чини околу 11 милиони денари, но Минов вели дека сега целата постапка околу документацијата и тендерските постапки ги презема ресорното Министерство. Браната на реката Козјак ќе значи и развој на туризмот, со што ќе се создадат и услови за изградба на пешачки патеки и излетнички места, а во близина е и археолошкиот локалитет „Баргала“.
Ново на Сител
-
Заемот од Унгарија пред пратениците
-
ВМРО-ДПМНЕ: Во МЕПСО се трошело без усул
-
Оризарите обвинуваат, ориз од увоз се дакларира и продава како кочански
-
Полначи за електрични возила на југот од Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да се „спасат'' Преспанското и Охридското Езеро?
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР, за Сител вели не бил прекршен ниту еден протокол