Во општина Гази Баба се одржа осмата „Пивтијада“
По повод верскиот празник Богојавление-Водици, денеска на плоштадот во Автокоманда, општина Гази Баба се одржа осмата „Пивтијада“.
На манифестацијата учествуваа жените од урбаните и месните заедници, организацијата на жени на Гази Баба, Здружението на пензионери и неколку ресторани од подрачјето на општината, кои ги подготвуваа пивтиите.
Оваа манифестација има хуманитарен карактер и средствата собрани
од продажбата на пивтиите се наменети за потребите на Клиниката за детски болести во Скопје.
„Пивтијадата“ има и натпреварувачки карактер, а се наградуваа најубаво декорирани пивтии во две категории: аматери и професионалци.
Во категоријата аматери, награди добија Стојна Трајановска, Надежда Кирковска и Катерина Петреска. Во категоријата професионалци наградата ја доби ресторанот „Дојрана“.
Манифестацијата ја отвори градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, а настапија Лајв Бенд, Тања и Владимир, Антониа Гиговска, Кристијан Тасевски и Валентина Димитриевска.
Ново на Сител
-
Македонија пред полноќ ќе добие нова влада
-
Приватните превозници утре ќе возат само до 10 наутро
-
Заеднички служби го подготвуваат тендерот за набавка на нова компресорска станица
-
На Очна Клиника за прв пат операција во едно - и на катаракта и на глауком
-
Кога МЗ ќе го санира срушениот ѕид кај Детска клиника?
-
Едриличарите бараат да се укине забраната за пловење ноќе
-
Како до рурален развој
-
Парада на гордоста