Во општина Делчево најголема наплата на данок на имот
Делчево лани наплатило даноци на имот во износ од 10 милиони и 840 илјади денари или 69 отсто од планираните. Раководителката на Одделението за финансии и буџет Анка Христова при образложувањето на последниот квартален извештај на извршување на буџетот пред делчевските советници, истакна дека најголема наплата има кај данокот на имот, кој е наплатен во износ од 5 милиони денари или 84 отсто.
Најмала реализација, како што рече, има кај данокот на промет, каде се наплатени 42 отсто или вкупно 2 милиони денари од планираните 5 милиони денари.
- Од вкупните расходи, од планираните 252 милиони денари, се реализирани 222 милиони денари. Во основниот буџет од вкупно плнираните 82 милиони денари се реализрани 92,4 отсто, кој е доста висок процент, а процентот на учество на плати во основниот буџет е 18 отсто, рече Христова.
Капиталните расходи се реализрани во висина од 29 милиони денари од планираните 30 милиони денари или 97,5 отсто.
- Процентот на учество на капиталните расходи во однос на основниот буџет е 38 отсто што се гледа развојната компонента на буџетот. Реконструкцијата на улици и патишта се реализирани со 1,51 милион денари, изградба на улици и патишта 23,470 милиони денари, а изградба на капацитети за водоснабдување во износ од 1,334 милиони денари, рече Христова.
Лани општина Делчево до невладини организации трансферирала 229 илјади денари, до спортските клубови 608 илјади, а за стипендии на ученици 373 илјади денари. Помошта на новороденчињата е со износ од 367 илјади денари.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата