Македонија
11. December 2017 - 8:35

Во општина Аеродром ќе се гради нова градинка

Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин денеска ќе постави камен-темелник за изградба на нова градинка со капацитет за згрижување на 200 деца. Новиот објект ќе се наоѓа во кругот на градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче. 

На поставувањето на камен-темелникот на новата градинка ќе присуствува и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.