Македонија
14. August 2018 - 10:16

Во Општата болница во Охрид ставен во функција апаратот за компјутерска томографија

Во Општата болница во Охрид повторно е ставен во функција апаратот за компјутерска томографија, информираат од Министерството за здравство.

Апаратот десет месеци не функционираше поради дефект на РТГ цевката, која сега е заменета. 

Од Министерството посочуваат дека пациентите во Општата болница Охрид повторно ќе имаат можност за да направат компјутерската рендген дијагностика која припаѓа на најпрецизните видови на истражување и овозможува брзо добивање на резултати.

Годишно во Oпштатa болница во Охрид се прават околу 4000 КТ снимања.