Во ОЈО Скопје Јовановски поднесува кривични пријави за најмалку 30 лица
Во Основното јавно обвинителство Скопје денеска Бојан Јовановски – Боки 13, продолжи со поднесувањето на кривични пријави на записник поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“.
Адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски посочи дека се поднесуваат кривични пријави за најмалку 30 лица.
Јовановски минатата недела почна со поднесувањето на пријавите, денеска продолжи, а како што кажа Дуковски, веројатно тоа ќе продолжи уште неколку дена.
– Се поднесуваат кривични пријави против повеќе лица, најмалку 30 лица и поради сериозноста на наводите во кривичните пријави од страна на пријавителот беше побарано непосредно вклучување на најрелевантните меѓународни институции за заштита на човековите права, особено на најрелевантните свестски амбасади кои имаат кои имаат свои дипломатско-конзуларни претставништва во Република Македонија заради содржината на тоа што се изјавува, посочи Дуковски.
Тој наведе дека досега се поднесени седум-осум кривични пријави, истакнувајќи дека пријавуваат лица за конкретни дејствија коишто се поврзани со овие два кривични настани.
Делата, како што рече Дуковски, се поткрепени со писмени докази во голем обем и со вербални докази во кои се посочени на лица коишто биле непосредно присутни на тие дејствија.
На новинарското прашање, дали доколку има постапка Јовановски ќе сведочи, адвокатот одговори потврдно.
Дуковски кажа дека се поднесуваат и кривични пријави за кршење на човековите права на Јовановски, за за нехумано и нечовечко однесување, за лица кои не биле директно вклучени во постапката.
Во однос на наводите дека му биле упатувани закани на Јовановски, минатиот пат кога даваше искази, Дуковски кажа дека поднел кривична пријава против непознат сторител за загрозување на сигурноста.
– Подготвен сум да соработувам со Обвинителството во секој момент за секоја понатамошна постапка којашто ќе го интересира Обвинителството во врска со тоа јавување, рече Дуковски.
Адвокатот на Јовановски минатата недела изјави дека пријавите се за функционери од државните институции, но и за лица надвор од нив. Притоа, посочи дека кривичните пријави се за дела злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура …
Јовановски во случајот „Рекет“ беше осуден на девет години затвор, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби седум години затвор.
Ново на Сител
-
Го славел раѓањето на син со пријателите и го загубил животот во пожарот во „Пулс“
-
Додека Македонија тагува, настан за дрифтање со 300 возила кај „Борис Трајковски“ | ВИДЕО
-
Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор
-
Клековски: Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија
-
На Клиниката во Ниш примена пациентка со тешки повреди од пожарот во Кочани
-
Бугарското МЗ објави контакт број за роднините на настраданите кои се пренесени таму на лекување
-
Бискупот Стојанов упати сочувство за настраданите во Кочани
-
Папата Фрањо жали за жртвите од дискотеката во Кочани