Во Охрид регионална работилница за еколошка отпорност на заедницата кон развојот
Различните искуства и позитивните примери на државите од регионот во областа на унапредување на еколошката отпорност на заедницата кон развојот ќе бидат презентирани во рамки на тридневната работилница што во организација на Регионалниот центар за животна средина за централна и источна Европа од денеска се одржува во Охрид.
Во име на Регионалната програма (CRESSIDA) што финансиски е поддржана од Агенцијата за животна средина на САД, учесниците на собирот во Охрид ги поздрави проект-менаџерот, Михалак Кирјо. Тој ја потенцираше важноста од вклучување на општините но и градоначалниците во одржливиот развој.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески изрази уверување дека собирот ќе придонесе за размена на искуства во управувањето со меѓународните речни сливови каков што е случајот со реките Дрим и Дрина.
- Пилот-проектите на општините вклучени во проектот ќе помогнат за регионално вмрежување и изнаоѓање заеднички применливи решенија за управување со сливовите и обезбедување на одржлив развој. Во тој конктекс важно е да се подобрат капацитетите на општините, но и вклучување на други засегнати субјекти, особено бизнис заедниците, рече тој.
Притоа ги презентираше искуствата на Општина Охрид во водењето на вакви или слични проекти што се имплементираат заеднички со партнери од соседна Република Албанија.
- Потребата од заедничка заштита на Охридското Езеро кое вклучено во листата на УНЕСКО како светско природно наследство, е идентификувано пред дваесетина години, физибилити студијата е изработена во 1995 , а во 1996 година е потпишан Меморандум за соработка меѓу министрите од двете земји, задолжени за животната средина, појасни Бакрачески.
Инаку, собирот во Охрид ќе биде заокружен со заклучоци и препораки за унапредување на еколошката отпорност за одржлив развој.
Ново на Сител
-
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест
-
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
-
Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура
-
Данска владее со светскиот ракомет: Историска четврта последователна титула
-
СП во ракомет: Франција ја освои бронзата во драматична завршница
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите