Во Охрид отворен четвртиот „Велигденски саем“

Локалната самоуправа во Охрид заедно со јавното претпријатие „Градски пазар“ и Општинската организација на Црвениот крст по четврти пат ја организираат манифестацијата „Велигденски саем“.
На плоштадот „Крушевска Република“ се поставени повеќе штандови на кои десетици занаетчии и угостители нудат велигденски украси, ракотворби, традиционални специјалитети.
- Манифестацијата пред се има хуманитарен предзнак, во духот на престојниот празник на Воскресението Христово – Велигден. На граѓаните им обезбедуваме една рекреација, на која најмладите ќе се претстават со свои културно-уметнички точки, а и да ги изложат своите ракотворби. Средствата собрани од ракотворбите ќе бидат наменети за хуманитарни цели, истакна градоначалникот Никола Бакрачески, посакувајќи им среќни празници на сите христијани.
Биљана Цветаноска, изработувач на рачни украси која има свој штанд на саемот, изрази уверување дека дел од нејзините изработки ќе побудат интерес, како кај охриѓани, така и кај гостите што за празниците ќе бидат во Охрид.
На саемот се нудат и колачи изработени од глазура, црвени киндер јајца, слатки во форма на торбички со велигденски мотиви.
- Интересот е голем, колачињата со глазура се се уште малку познати кај нас, па побудува интерес кај охриѓани, истакна Луција Костеска, која ги нуди овие слатки.
На саемот се присутни и сите општински основни училишта, со свои ракотворби и најразновидни украси со велигденски мотиви, што можат да се купат по симболична цена.
Според информации од Хотелската асоцијација и угостителскиот еснаф на Охрид, за време на празниците и продолжениот викенд се очекува значајна посетеност на туристи, пред се на туристи од соседните држави и регионот.
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
