Македонија
10. July 2019 - 22:03

Во Охрид отворен Центар за спасување

Спасителите на непристапни терени и планина со полни раце работа .Од почетокот на јуни до сега интервенирале кај шест случаеви од посериозен карактер и тоа евакуација  на починато лице ,во вчерашната параглајдерска несреќа и кај 4 исчезнати локални жители и странци што претствува рекорд со оглед на тоа дека лани во текот на целата година делувале кај 6 случаеви.

Денска беше отворен центарот за спасување во планина кој ќе ја подигне безбедноста и ќе им овозможи на туристите поголема заштита.

Станува збор за прекугранична соработка која  ги спојува интересите на двете страни од охридското езеро планинскиот спасителен центар во Охрид е дополнет со спасителниот центар за вода во Албанија.

Инаку  Центарот за спасување кој располага со најсовремена опрема моментално има 15 алпинисти а повеќе од 30 волонтери се во процес на обука во логистичкиот  тим .