Во Охрид и Дебрца веќе нема позитивни на Ковид -19

Во општините Охрид и Дебрца веќе нема активни пациенти, односно лица позитивни на Ковид-19, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид. Оттаму соопштија дека сите 15 лица кои беа позитивни на коронавирус од почетокот на епидемијата се оздравени.
Во Центарот за јавно здравје во Охрид изминатата седмица биле земени материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на Ковид-19 од вкупно 76 лица и тоа 24 во Охрид и Дебрца, 34 од Струга и Вевчани, како и од 18 лица од општините Дебар и Центар Жупа.
-Од вкупно земените материјали, 48 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 22, Струга и Вевчани 24, Дебар и Центар Жупа 2), а 28 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МојТермин (Охрид и Дебрца 2, Струга и Вевчани 10, а Дебар и Центар Жупа 16). Од тестираните лица во овој период во општина Охрид и Дебрца не е лабораториски дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај ниту едно лице, едно лице од општина Струга е позитивно на Ковид-19, а во општина Дебар и Центар нема нови позитивни. Оздравени пациенти од општина Охрид се девет, од општина Струга се седум, а од Дебар се двајца. Во Охрид денеска веќе нема активни лица позитивни на Ковид-19. Во овој период почина едно лице од Струга позитивно на вирусот, се наведува во соопштението од Центарот за јавно здравје.
Ново на Сител
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
