Во Охрид до 13 часот гласале 34 проценти од граѓаните, во Дебрца речиси 30 отсто

На територијата на Општина Охрид до 13 часот на гласање излегле околу 34 отсто од запишаните граѓани со право на глас или 42 проценти според Единствениот избирачки список во кој не влегуваат лицата со привремен престој во странство.
Што се однесува на текот на самиот изборен процес истиот се одвива непречено, со помали проблеми. Покрај грешката објавена од ДИК за избирачките места 1253 и 1253/1 за кои наведе дека се наоѓаат на улицата „Македонски просветители“ наместо во ОУ „Григор Прличев“ како што информираа од ОИК, претседателот на ОИК Димитрије Вревезовски уште информира за случај на исчезнување на едно гласачко ливче на избирачкото место во селото Лескоец. Според него, надлежните работат на евидентирање и расчистување на случајот.
На избирачките места во Општина Дебрца до 13 часот правото на гласање го искористиле 1547 граѓани што претставува речиси 30 отсто од вкупно регистрираните гласачи. Претседателот на ОИК Зоран Ногачески изјави дека изборниот процес на сите гласачки места се одвива непречено.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
