Во Ниш градските известувања се печатат во - таблоид
Огласи, известувања и конкурси од српскиот град Ниш меѓу кои и за избор на директори на јавни претпријатија, во следната година дена ќе се објавуваат во таблоид, јавија српски медиуми.
Имено, градот Ниш склучил договор за огласување со српскиот таблоид Српски телеграф по јавна набавка за огласување.
Градот ја распишал набавката во април оваа година и во неа се барало весникот во кој ќе се печатат градските известувања да биде печатен со фонт големина 8, во црно бело и да има национална покриеност. Главен критериум за победа била цената.
Од три понудувачи, со цена од 550.000 динари се издвоил таблидот Српски телеграф.
Според тендерската документација, на ниту еден начин не се внимавало на содржината и уредничката политика на весникот што ќе објавува важни градски известувања, меѓу кои се нашол и неодамна распишаниот конкурс за избор на директори на 11 нишки јавни претпријатија.
Српски телеграф, според јавно достапни податоци од Советот за печат, е еден од најголемите прекршители на Кодексот на новинари – дури шест опомени во изминатата година. До скоро, градските известувања биле печатени во дневниот весник Данас. 1
Ново на Сител
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница
-
Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани
-
МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
-
Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Црвениот крст на Србија собира парична помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани