Свет
13. April 2022 - 14:09

Во Нигерија убиени 154 луѓе од вооружена група напаѓачи

Вооружена група напаѓачи вчера уби најмалку 154 луѓе во село во северната нигериска држава Плато, соопштија локалните власти.

Напаѓачите ги запалиле и куќите и продавниците во селото.
 
Таквите напади се чести во Плато, вооружените банди во северозападна Нигерија со години ги тероризираат селаните киднапирајќи луѓе за откуп.