Во Неготино преку спорт до инклузија на лицата со посебни потреби
Преку спорт до инклузија на лицата со посебни потреби, ова беше целта на денешните спортски игри, кои беа организирани во Неготино, во организација на Здружението за помош на лицата со ментална попреченост Порака и Основното општинско училиште „Гоце Делчев”.
-Нашите корисници, лица со попреченост, имаа можност да се дружат, да играат кошарка и други спортски игри и да се забавуваат заедно со учениците од ова училиште. Впрочем, со ова само уште повеќе тие ја докажаа својата успешна социјализација и вклученост во севкупниот општествен живот на градот, нагласија од неготинска Порака.
Оттаму додадоа дека во чест на Меѓународниот ден на лицата со хендикеп – 3 декември, организираат и бројни други активности со кои упатуваат порака дека бариерите помеѓу луѓето не постојат, тие се во нивните глави.
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата