Во Неготино одбележан Денот на пожарникарите | Сител Телевизија
Македонија
21. May 2018 - 16:56

Во Неготино одбележан Денот на пожарникарите

- По повод Денот на пожарникарите, денеска секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ ги посети припадниците на Противпожарната единица во Неготино. 

- Работата на пожарникарите е исклучително одговорна и ни малку лесна, бидејќи несебично се изложувате на тешки и опасни ситуации и неретко во опасност ги ставате и вашите животи за да ги заштитите животите на граѓани и нивните имоти. Но, и покрај опасностите, да се биде пожарникар е хумана и пожртвувана работа, а вашата организираност и професионалност се од драгоцена важност при дејствувањето во пожари и други непогодности, им рече тој. 

Командирот на неготинските пожарникари Иле Илиев додаде дека со максимална одговорност, посветеност и ангажираност, ги реализираат поставените задачи во текот на цела година, покажувајќи ја на дело посветеноста кон оваа хумана професија, а се со цел секогаш и во секое време да им се излезе во пресрет на граѓаните и нивните потреби. 

На денешната свеченост по повод Денот на пожарникарите, противпожарната единица ја посетија дечиња од Детската градинка „Фемо Кулаков“, кои се запознаа со механизацијата и алатите неопходни за интервенција на пожарникарите и како треба да реагираат и на кој број треба да се јават сите кои ќе забележат пожар