Во Неготино одбележан Денот на пожарникарите
- По повод Денот на пожарникарите, денеска секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ ги посети припадниците на Противпожарната единица во Неготино.
- Работата на пожарникарите е исклучително одговорна и ни малку лесна, бидејќи несебично се изложувате на тешки и опасни ситуации и неретко во опасност ги ставате и вашите животи за да ги заштитите животите на граѓани и нивните имоти. Но, и покрај опасностите, да се биде пожарникар е хумана и пожртвувана работа, а вашата организираност и професионалност се од драгоцена важност при дејствувањето во пожари и други непогодности, им рече тој.
Командирот на неготинските пожарникари Иле Илиев додаде дека со максимална одговорност, посветеност и ангажираност, ги реализираат поставените задачи во текот на цела година, покажувајќи ја на дело посветеноста кон оваа хумана професија, а се со цел секогаш и во секое време да им се излезе во пресрет на граѓаните и нивните потреби.
На денешната свеченост по повод Денот на пожарникарите, противпожарната единица ја посетија дечиња од Детската градинка „Фемо Кулаков“, кои се запознаа со механизацијата и алатите неопходни за интервенција на пожарникарите и како треба да реагираат и на кој број треба да се јават сите кои ќе забележат пожар
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата