-->
-->
Вo недела осветување на црквата „Свети Пантелејмон“ во Прилеп
-->
На 7 август, во недела, ќе биде осветена црквата „Св. Пантелејмон“, изградена во кругот на прлепската болница „Борка Талески“, соопшти денеска градоначалникот Марјан Ристески.
- Иницијативата за изграба на малата црква „Свет Пантелејмон“ во кругот на болницата е од пред четири години по барање на верниците и проектот за нејзината изградба влезе во деталниот урбанистички план. Темелите беа поставени на 19 април 2012 година, а задутре ќе биде осветена па ги покануваме верниците да присуствуваат на чинот на осветувањето, рече Ристески.
Осветувањето ќе почне во седум часот, а со него ќе чиноначалствува владиката Петар во сослужение со прилепското архиерејското намесништво.
За прилепскиот архиерејски намесник, протојереј Благоја Станкоски, еднаш се осветува црква и тоа е свет чин. - Осветувањето е посебен и значаен чин и затоа е пожелно верниците да се запознаат со него, оти црква еднаш се осветува, рече Станкоски.
Од локалната самоуправа уверуваат дека црквата е изградена по сите црковни стандарди во чест и спомен на светецот, заштитник на болните и на лекарите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас