Во наредните денови претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура
Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо, а во утрински часови со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Во Скопје ќе има слично време со температура од седум до 18 степени.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура. В среда ќе биде малку до умерено облачно и потопло со слаб до умерен јужен ветер, со максимална температура од 16 до 23 степени. В четврток ќе биде променливо облачно и малку потопло. Максималната температура ќе се движи од 19 до 26 степени.
В петок ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од шест до 14 степени, а максималната од 18 до 25 степени
Ново на Сител
-

Тошковски во Дубаи ја прими наградата „Excellence in Road Safety“ за „Безбеден град“
-

Јанев за грчката државна телевизија ЕРТ: Изградивме силни и тесни врски со грчката полиција
-

Потешко до работа во Германија: Од 50.000 на 25.000 Германија ја намалува квотата за работници од Македонија и регионот
-

Во Сенџен почна историската средба Шји – Трамп – Путин
-

Италија подготвува забрана за социјални мрежи за деца под 13 години – до 16 години само со родителска контрола
-

ДЗР: Потребни се дополнителни мерки за зајакнување на ИТ безбедноста во ФЗОРСМ
-

Исламот би можел да стане најголема светска религија до 2035 година
-

Заврши билатералната средба Трамп – Путин во Шенџен

