Во напад врз џамија во Кабул загинаа најмалку 10 лица
Во бомбашки напад врз џамија во авганистанската престолнина Кабул за време на синоќешна молитва загинаа најмалку десетмина, вклучувајќи и свештеник, а повредени се 27 лица.
Меѓу повредените има и неколку деца.
Според очевидец, загинатиот свештеник е мула Амир Мохамед Кабули.
Како што појаснија жители на градскиот кварт Кер Кана, каде се наоѓа џамијата Сидикија, нападот го извршил бомбаш самоубиец.
Досега никој не презеде одговорност за нападот.
Локалниот огранок на екстремистичката група ИД ги засили нападите на талибанците и цивилите од нивното преземање на власта минатиот август, додека американските и трупите на НАТО беа во завршна фаза на повлекување од земјата.
Минатата недела, ИД презеде одговорност за убиството на истакнат талибански свештеник во неговиот верски центар во Кабул.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
