Во Националната галерија на Македонија изложба на графики од Иван Мештровиќ
Во рамки на европската манифестација „Европска ноќ на музеите 2017“, Националната галерија на Македонија оваа година се претстави со изложбата „Иван Мештровиќ, графики од Колекцијата на НГМ“, во објектот Чифте амам која ќе трае до 31 мај.
Македонската публика ќе има можност да проследи оригинални литографии (21) од светскиот скулптор Иван Мештровиќ (1883 – 1962), овојпат претставен како цртач и графичар. Делата се составен дел од мапата литографии од 1923 и се сопственост на Националната галаерија на Македонија од т.н. екс-југословенска збирка. Мапата ќе биде проследена и со презентација на две скулптури од уметникот, сопственост на Националната галерија.
Европската ноќ на музеите се одржува во сите музеи во Франција и во сите европски музеи кои сакаат да партиципираат, а влезот е бесплатен за сите посетители. Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура и комуникации на Република Франција, Советот на Европа, ИКОМ, УНЕСКО, а е поддржана и од асоцијацијата Музеите во Франција, Федерацијата „Пријатели на музеите“, ТВ5Монде, Радио Франце и други.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник