Во Министерството за транспорт се одржа стручна јавна расправа за измените на Правилникот за урбанистичко планирање

Во Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа за предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање, чија цел е да го поттикнат развојот на туризмот, енергетскиот и здравствениот сектор, преку создавање услови за нови инвестиции, за поефикасно планирање и искористување на просторот.
Измените на Правилникот за урбанистичко планирање опфаќаат и можност за урбанизација на објекти од областа на терцијарното здравство, како и изградба на батериски системи, кои се од суштинско значење за развојот на енергетскиот сектор.
-Имајќи предвид дека туристичкиот сектор веќе бележи позитивни трендови, преку предложените измени се предвидува можност за стимулирање изградба на големи хотелски комплекси вон градови, исто така и надвор од заштитени подрачја, надвор од национални паркови, надвор од заштитената зона на Охридскиот регион поврзана со заштитата од УНЕСКО, со што директно се поддржува растот на туризмот и привлекувањето нови туристи во државата, а дополнително се придонесува за отворање нови работни места. За да се обезбеди целосна транспаретност и вклученост на јавноста во процесот на носење одлуки, при носењето на сите планови ќе се спроведуваат јавни презентации. Одржувањето на денешната стручна јавна расправа по однос на донесувањето на измените на конкретниот Правилник е јасен показател за нашата заложба и отвореност, наведува Министерството за транспорт и додава дека останува посветено на создавање одржливи решенија во корист и на економскиот развој и на јавниот интерес на граѓаните.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски за писмата на Филипче до ЕУ: Секој има право да си праќа писма, но моите чувства за прогон се се посилни
-

Трамп ја предлага Ерика Шварц за директор на националниот Центар за контрола и превенција на болести
-

Мицкоски: Состојбата со нафтата и нафтените деривати е добра, имаме најевтини горива во регинот
-

КЛ: Рајо Ваљекано, Кристал Палас, Стразбур и Шахтјор полуфиналисти
-

Барселона вложи нова жалба до УЕФА
-

Англиско полуфинале во Лига Европа
-

Тошковски во Вашингтон: Продлабочување на безбедносната соработка меѓу Македонија и САД
-

Скопскиот аеродром трет по бројот на патници во поранешна Југославија и покрај намалувањето поради кризата
