Англиско полуфинале во Лига Европа

Фудбалерите на Фрајбург, Астон Вила, Нотингем Форест и Брага се пласираа во полуфиналето на Лига на Европа.
Откако пред една недела во Италија победи со 3-1, Астон Вила синоќа го завери пласманот во полуфиналето со убедлив триумф над Болоња на „Вила Парк“ со 4-0.
Нотингем Форест на реваншот пред своите гледачи го совлада Порто со 1-0 откако првиот натпревар во Португалија заврши без победник 1-1,
Брага го победи Бетис со 4-2 во Севиља по првиот натпревар што заврши нерешено 1-1, додека Фрајбург на гостувањето во Виго триумфираше со 3-1 и со вкупен резултат од 6-1 ја елиминираше Селта.
Полуфиналните двојки се Астон Вила – Нотингем Форест, во англиска пресметка на поранешни европски шампиони (Вила го освои Европскиот куп во 1982 година, а Форест во 1979 и 1980 година), додека втората полуфинална пресметка е Брага – Фрајбург.
Првите натпревари се закажани за 30 април, а реваншите на 7 мај.
Финалето во Лига Европа ќе се игра на 20 мај на стадионот на Бешикташ во Истанбул.
Ново на Сител
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
-

Николоски: Градежништвото ја движи економијата
