Во Министерството нема пријава дека пациенти на инсулин немаат ленти, вели Меџити
Во Министерство досега нема пријавено дека има таков проблем, одговори министерот за здравство Фатмир Меџити на новинарско прашање, дека пациенти кои се на инсулин немаат ленти, па дали ќе побара одговорност бидејќи овие луѓе, според закон, мора да имаат редовно и инсулин и ленти, а се случува нешто да нема.
- Сите пациенти се снабдени со сѐ. Не е само тоа, сега ќе има и сензори за првпат во државава, во здравството за тие пациенти од тој вид болест, што никогаш немало досега и со тоа нормално ќе се подмират сите работи, рече Меџити.
Прашан околу рефундирање на парите на оние кои сами си купиле ленти, тој одговори дека доколку има такви барања во Министерството, согласно закон, би се разгледале и ќе се одлучи за нив.
На министерот му беше поставено и прашање зошто како Министерство за здравство, како и Фондот за здравствено осигурување, не понудиле некоја помош за лекувањето на Кико, за што граѓани собираа финансиски средства, „а од друга страна, платите на функционерите се зголемија, зошто не се донираа“?
- Ние сме државни институции, колку што сум јас информиран од службите пак барање не е поднесено на ниво во Министерството за здравство, ниту во Фондот. Такви служби или барања до Министерството до институциите надлежни, досега немало. Ние ќе го разгледаме случајот, нормално фамилијата треба да поднесе барање... Знам се зборува ретка болест, тешка болест, но нема поднесено барање до надлежните институции и да разјасниме, тој случај досега не се лекувал во јавно здравје. Четири - пет години не биле на преглед. Така да, ние не знаеме што се случува. Ова се државни институции здравствени и треба да има службено барање за да се разгледува, одговори Меџити.
Тој додаде дека секогаш се тука за пациентите и кога би имало такво барање, тие би го разгледале и би постапиле согласно законите за заштита.
Ново на Сител
-
ЈСП има нафта за уште 3 до 5 дена - Тендерот за набавка заврши, ама не се знае дали е успешен
-
Протест против загадениот воздух идниот вторник во Скопје
-
СЗЛДМ - Петиција за итно обезбедување на сензори за сите и квалитетни инсулински пумпи!
-
Преглед на вестите од свет
-
Состанок на НАТО - Помошта за Украина во фокусот
-
Владата не гледа објективни причини за барањето на СДСМ за лидерска средба
-
СДСМ: Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите
-
Храбро срце со реакција за малиот буџет за трансплантации