Живот
16. July 2021 - 10:41

Во Мексико пронајден фосил од риба стар 95 милиони години

Во Мексико е пронајден фосил од риба за која се претпоставува дека потекнува од периодот пред 95 милиони годии. Фосилот е пронајден во Чиапас, на југоистокот од земјата, а се претпоставува дека на американскиот континент живеела во периодот кога живееле диносаурусите.

Научниците веруваат дека фосилот припаѓа на вид риба од американското подрачје.

-Пронајден е фосил од риба која имала голем број боцки на грбот. Станува збор за претходно неидентификуван вид кој живеел пред приближно 95 милиони години, односно во истиот период кога и диносаурисите, велат истажувачите.

Експерт од Националниот автономен универзитет во Мексико вели дека овој вид го добива името „Choichix alvaradoi“ и дека варува дека овој вид риба потекнува од Мексико.