Во Мексико од илегални пијалоци на база на метанол починаа 18 лица
Уште десет лица во Мексико починаа како резултат на труење откако конзумирале фалсификувани пијалоци направени на база на метанол, со што бројот на смртни случаи се зголеми на 18, потврдија надлежните органи.
Властите во државата Гуреро на југот на Мексико соопштија дека 18 лица починале во планинската населба Тапа де Комонфорт, откако конзумирале пијалок сличен на текила од непознати производители.
Поради симптоми на труење, хоспитализирани се 16 лица, а четворица се во критична состојба.
Властите во оваа држава објавија дека пијалокот е означен како „дестилирана агава“, а од ова растение, слично на кактус, се добиваат текила и мескал.
Од фалсификувани алкохолни пијалоци починаа стотина лица во Мексико од почетокот на пандемијата на коронавирусот, кога многу градови забранија легална продажба на алкохолни пијалоци.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора