Во Маврово изутринава измерени -12 степени
Најстудено изутринава беше во Маврово каде се измерени - 12 степени. Во Лазарополе и Крушево температурата беше - 9, во Ѓуриште - 8, во Пожаране -7, Тополчани - 6, Берово -5 Берово и Крива Паланка, во Дебар, Прилеп и Претор - 4, во Битола, Куманово и Охрид -3, во Скопје, Петровец, Штип, Виница, Демир Капија и Тетово - 2, во Скопје и Струмица -1, во Дојран 0 и во Гевгелија 1 степен.
Најголема снежна покривка има во Маврово - 24 сантиметри, во Демир Капија 16, во Крива Паланка 15 сантиметри, во Берово и Тополчани 14, во Ѓуриште 13, во Крушево и Битола 9, во Штип 8, во Лазарополе и Виница 6, во Прилеп и Пожаране 4, во Претор 3 и во Струмица 1 сантиметар.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Демир Капија 24 литри на метар квадратен, во Берово и Крива Паланка 8 и во Битола 7 литри.
Времето утрово е променливо облачно со умерен, на места засилен северен ветер.
Денеска времето ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Попладне ветерот ќе ја намали брзината. Максималната температура ќе се движи од -2 до 5 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
Времето утре ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од -11 до - 4, а дневната од 0 до 7 степени.
Во наредните денови следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, особено утре, кога на повисоките места ќе се спуштат и под -10 степени. Дневните температри до петок ќе бидат во благ пораст. Во деновите од викендот ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег.
Ново на Сител
-
Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина
-
Со инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава влегува турската групација „Казанчи Холдинг“
-
Во Белград протест на просветните работници, а студентите од различни градови пешки тргнаа кон Ниш
-
Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит
-
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
-
Две заторенички физички се пресметале во КП Идризово, едната се здобила со тешки телесни повреди
-
Пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за четворица струмичани од Комуналец
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството