Дваесет и една година од масакрот кај Карпалак
Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одбележат 21-годишнината од масакрот на армиските припадници кај месноста Карпалак.
– Делегација предводена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар во Mинистерството за одбрана Драган Николиќ, во 09:00 часот ќе положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак. Во 13:00 часот, заедничка делегација од Министерството за одбрана и Армијата ќе положи венец пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп, информираа од МО и АРСМ.
На 8 август 2001 година на автопатот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата, при што загинаа десет армиски припадници: Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушитоски, Марко Деспотоски, сите од Прилеп и Прилепско.
Ново на Сител
-
Од четврток локални врнежи од дожд
-
Википедија на македонски јазик достигна 150 000 статии
-
Споделувањето храна, особено слатки, ја зајакнува емоционалната врска
-
Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС Детско Село - Благодарност до клиентите за поддршката
-
Науката потврди: Појадокот со додадени ореви е полезен за мозокот и умствените способности
-
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски
-
Владата ги отфрли како шпекулации и неточни наводите на СДСМ и ДУИ за работата на МЖСПП
-
Дебранец узурпирал земјиште и противправно се стекнал со имотна корист од над четири милиони денари