-->
-->
Во Маврово еден метар снег
-->
Без снег, со сончеви периоди и температури од -4 до 4 степени, најавува за денешниот ден Управата за хидрометеоролошки работи.
Снеготот што во изминатите денови интензивно паѓаше, во Маврово формира покривка од 95 см, на Попова Шапка 50, во Крушево 44, а во Скопје 12 сантиметри.
Најстудено изутринава е во Скопје, Крива Паланка, Крушево и Маврово со минус осум степени.
Од денеска попладне до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури кои во поголемиот дел од населените места ќе се во интервал од -5 до -15 степени. Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините. Во недела попладне ќе се зголемува облачноста, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СК: Победи на Гут и Фојц
-
СП Ракомет: Македонија го заврши настапот во Египет со пораз од Белорусија
-
183 нови случаи на Ковид-19 во изминатото деноноќие, починати се 6 лица
-
Во Холандија судири меѓу демонстранти и полиција, 25 уапсени
-
Пожар во ЦК „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Во Албанија продолжуваат високите дневни бројки на нови случаи со Ковид-19
-
Маричиќ: Сегашната законска рамка дава простор да се испитува потеклото на имот
-
Без вода утре корисници од општина Карпош