Во Маврово 87 сантиметри снег, најстудено на Попова Шапка

Најниска температура во Македонија изутрина во седум часот е измерена на Попова Шапка, каде се регистрирани -15 степени. Минис 13 степени се измерени во Берово, -10 Штип и Крушево, -9 Маврово, Лазарополе и Струмица, -8 Крива Паланка Паланка, -7 Охрид и Демир Капија, -6 Пожаране, Тополчани, Битола, Ѓуриште, Виница и Дебар, -5 Тетово, Прилеп и Скопје-Петровец, -4 Претор, Скопје-Зајчев Рид и Куманово, – 2 во Дојран, 0 Гевгелија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Најмногу снег има во Маврово, каде висината на снежната покривка изнесува 87 сантиметри, по што следат Пожаране со 49, Лазароиполе со 48, Попова Шапка со 47….
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини претпладне со слаба магла. Ќе дува слаб до умерен умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од -2 до 6 степени. Во Скопје претпладне со слаба магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 1 степен. И утре ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините. Попладне облачноста ќе се зголемува, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, повеќе застапени во западните и северните делови. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Ново на Сител
-

ИДФ: Иран повторно лансира ракети кон Израел
-

Зеленски: Војната во Иран може да го отежне снабдувањето на Украина со ракети
-

Црвена полумесечина: Речиси 800 убиени во израелско-американските напади врз Иран
-

Цените на нафтата дополнително растат додека Иран блокира витална поморска рута
-

Либанската армија се повлекува од своите позиции во близина на границата со Израел
-

Вкупно 473 наши државјани досега ги контактирале ДКП-ата во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

ОЈО: Мајката и детето биле заклучени сами во станот, едно лице e задржано во полициска станицa
-

Патниот правец Ќафасан - Елбасан денеска повторно отворен за сообраќај за сите видови возила
