Во матичните амбуланти во Велес зголемен бројот на болни од стомачен вирус

Иако има зголемување на бројот на пациенти - деца и возрасни со стомачен вирус во Велес, сепак лекарите од матичните амбуланти за МИА, информираат дека ситуацијата не е алармантна.
Тие посочуваат дека ова заболување е во текот на целата година , а најчесто се појавува кај помладата популација, во текот на целата година, а особено во пролет и лето, но овојпат има и голем број на возрасни пациенти со стомачен вирус. Кај пациентите се појавува треска, покачена температура, симптоми на настинка, гадење, повраќање, дијареа.
Лекарите посочуваат дека во многу ретки случаи, стомачните вируси може да предизвикаат и компликации, особено кај лицата со намален имунитет. Лекарите посебен акцент ставаат на превенцијата. Тие потсетуваат дека во таа насока, а за да се заштити здравјето, многу е важно редовното миење на рацете со вода и миење под млаз вода на овошјето и зеленчукот пред употреба.
Воедно на лицата со симптоми на стомачен вирус им порачуваат да се јават на преглед кај матичниот лекар за да им препише соодветна терапија и диететска храна.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Зеленски: Ќе ја пропуштите шансата за мир ако не дејствувате
-

Рубио и Мерц разговараа за глобалните предизвици, војната во Украина и зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа
-

Мицкоски: Заедничката изјава со Белата куќа за Договорот за трговија со САД е историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради Задушница
-

Германски авиони ќе учествуваат во мисијата на НАТО „Арктичка стража“
-

Кос: ЕУ би можела да одбие Србија да има пристап до средства од пакетот од 1,6 милијарди евра
-

Апел за донации: Потребна е итна помош за лекувањето на осумгодишната Ана
-

Одбраната ја оспорува темелноста на вештачењето за „Онкологија“, судењето продолжува на 4 март
