Македонија
29. May 2016 - 15:46

Во Мариово Фестивал на велосипедизам и планински спортови

Низ планинските пространства во Мариово денеска се одржа петтото издание на фестивалот за велосипедизам и планински спортови „Off-road experience“, на кој колу 800 учесници, велосипедисти, планинари, болдеристи и гости од 20 земји кои живеат во Македонија во пет дисциплини ги истражуваа природните убавини на овој еколошки најчист крај во Европа.

Слободан Трајковски, претседател на здружението „Вело Европа“; организатор на Фестивалот, истакна дека секоја година имаат се поголем број учесници.

- Во Мариово сме од петокот, а трките беа денеска. Имаше три трки од 40, 50, и 60 километри низ мариовските села, планинарење, болдеринг и планинско трчање. Фестивалот привлекува љубопитници, а ние го промовираме надвор од Македонија за да стане атрактивна дестинација на Балканот и во Европа за овие екстремни спортови. Всушност, не има во европски списанија за туризам и Мариово е идеално токму за алтернативниот туризам, изјави Трајковски.