Во Марена одбележани 15 години од загинувањето на војникот Блашко Толев

Во кавадаречкото село Марена, денеска беа одбележани 15 години од загинувањето на војникот Блашко Толев, кој го загуби животот во воениот конфликт од 2001 година.
Пред спомен бистата на Толев во неговото родно место, бројни делегации положија свежо цвеќе. Меѓу нив и делегацијата предводена од кавадаречкиот градоначалник Алексанадар Панов, во која беше и претседателот на Советот на општина Кавадарци, Горица Пеливанова Вилхелм.
Почит на Толев му оддадоа и членовите на неговото семејство, преставници на АРМ од гарнизонот Криволак, Здружението на борците и Месната зедница Марена.
За трагичниот чин на Тетовското кале, зборуваше претседателот на Месната заедница Марена, Митко Камчев.
- Блашко Толев беше роден на 30.01 1981 година во Кавадарци, а својот живот го загуби во херојски подвиг на Тетовското кале, на само неколку дена од завршувањето на својата редовна воена обврска, кажа меѓу другото Камчев.
Од денешното одбележување на 15 години од загинувањето на младиот војник, произлезе и заедничкиот предлог на градоначалникот Панов и месната заедница, главната улица во селото да се преименува во улица „Блашко Толев”. Предлогот ќе биде даден на расправа на првата наредна седница на Советот на општината.
Ново на Сител
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
