Во Малезија усвоен Закон против лажни вести

Во Малезија денеска е усвоен нов Закон против лажните вести, за чие кршење е предвидена казна до шест години затвор.
Опозицијата е против новиот Закон, тврдејќи оти со тоа Малезија „ќе се приближи до диктарура“. Но, Законот сепак е усвоен во Парламентот со 123 гласови „за“ и 64 „против“.
Првичниот предлог беше кршењето на Законот да се казнува со 10 години затвор и парична казна до 128.000 долари, но подоцна Владата ја намали предвидената затворска казна на шест години.
Критичарите оценуваат дека Законот ќе биде злоупотребен против опозицијата и слободата на говорот пред општите избори, кои малезискиот премиер Наџиб Разак ќе ги распише следните денови. Исто така се посочува дека Законот, што се однесува на сите медиуми, дури на надвор од Малезија, би можел да биде употребен против критиките поврзани со манипулација на гласовите или други аспекти од избориот процес.
Малезиската министерка за правда Азалина Отма во февруари изјави дека таков закон е неопходен, бидејќи „лажните вести ја загрозуваат националната безбедност“.
Ново на Сител
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
-

Иран: Ормутскиот теснец е под наша контрола, бродовите мора да плаќаат такса
-

Прилепската болница за прв пат доби апарат за оптичка кохерентна томографија
