Во Македонија се точи најевтино гориво во регионот

Цените на нафтата и нафтените деривати, после падот на глобалниот пазар, се намалени и на Балканот, а најскапото гориво во регионот го точат граѓаните на Хрватска, најевтино е во Босна и Херцеговина (БиХ) и Македонија.
Како што пренесуваат балканските медиуми, повикуваjќи се на агенцијата Анадолија, цените на нафтените деривати во БиХ се намалени неколку пати, па литар бензин 95 сега изнесува 2,10 конвертабилни марки (КМ), односно 1,07 евра, а литар дизел 2,0 КМ или 1,02 евра, што се просек најниски цени во регионот.
Според најновите податоци, кај нас литар бензин 95 чини 67,00 денари или 1,05 евра, литар бензин 98 се продава по цена од 69,00 денари (1,19 евра), а дизелот по цена од 51,00 денари .
На трето место по евтино гориво е Србија каде, како се наведува, цените сепак варираат од ден во ден, од пумпа до пумпа. Литар бензин 95 чини во просек 145,9 динари (1,21 евро), додека за литар дизел треба да се издвојат околу 146,9 динари (1,22 евра).
Следи Црна Гора каде од денес горивото е поевтино од три до шест центи. Литар евросупер BMB 98 е поевтино шест, а BMB 95 пет центи, па чинат 1,29, односно 1,26 евра. Најскапото гориво на Балканот го точат Хрватите кои за литар бензин 95 мора да издвојат 10,07 куни, или 1,33 евра, а за литар дизел 8,94 куни, односно 1,18 евра.
Истиот извор наведува дека најскапото гориво во Европа се продава во Норвешка, каде литар бензин 95 изнесува 1,71 евро, а литар дизел 1,49 евра. Следи Италија, каде граѓаните за литар бензин 95 плаќаат 1,69 евра, а литар дизел 1,50, и Велика Британија, со цена од 1,68 евра за литар бензин 95 и и 1,65 евра за литар дизел. Најевтината нафта во Европа ја има Русија, каде литар бензин 95 чини 0,55 евра, а литар дизел 0,53 евра. После Русија најевтино гориво има Украина, каде литар бензин 95 се продава по цена од 0,89 евра , а литар дизел по 0,85 евра.
Меѓу најевтините европски земји, каде се работи за нафта, се наоѓаат БиХ, Македонија и Бугарија.
Ново на Сител
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
