Во Македонија 39 пријави за ново регистрирани случаи на ХИВ/СИДА
Заклучно со денешниот ден во Македонија има 39 пријави за новорегистрирани случаи на ХИВ/СИДА, сите од машки пол. Четири лица се заболени од СИДА, а 35 се ХИВ позитивни. Ова беше истакнато на денешната прес-конференција по повод одбележувањето на 1 Декември, Светскиот ден за борба против ХИВ инфекција.
Заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски истакна дека државата е посветена во наредниот период да го обезбеди во целост финансирањето на нашите стратешки определби за превенција од ХИВ инфекција во Македонија, кои досега беа помогнати со грант на Глобалниот фонд.
- Министерството за здравство за заштита на населението од ХИВ инфекција за 2017 година има обезбедено вкупно 27 милиони денари, а буџетот за 2018 година е значително поголем и изнесува 95 милони денари. Се планира околу 40 милиони денари да ги покријат трошоците за антиретровирусна терапија додека останатите средства се за превентивни активности на здравствените институции и здруженијата на граѓани кои се наши стратешки партнери, потенцира Чакаровски во Министерството за здравство.
Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје информира дека граѓаните имаат можност да се тестираат за ХИВ во 14 институции во државата и додаде оти има тестови во секој момент.
- Институциите во секој момент даваат можност лицата да се тестираат, а болеста која едно време, во последните 20-тина години беше многу тешка и не се знаеше крајниот исход, ја направивме долготрајна, хронична болест, рече Караџовски.
Директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Милена Стевановиќ нагласи дека од 206 пациенти кои редовно доаѓаат кај нив на контроли и консулатции, 197 од нив се поставени на антиретровирусен третман, што претставува 96 отсто од нив. Потенцира дека успехот во терапијата се должи на експертизата на докторите кои работат на Клиниката, на располагање е и редовно се набавуваат антиретровирусните лекови, а третманот кај нив се одвива според стандарди и протоколи...
Светскиот ден за борба против ХИВ инфекција годинава се одбележува под мотото „Сите се бројат“ (Everybody counts). Во светски рамки во овој момент 36,7 милиони луѓе живеат со ХИВ инфекција.
Ново на Сител
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис