Во Куманово трка во рамки на проектот за градење на заедниците преку спорт

Во Куманово денеска ќе се одржи третата и последна трка во рамки на Проектот 2020 насловена Born 2 Run - градење на заедницата преку спорт, во организација на Компанија за интереси во заедницата од Велика Британија и локалната НВО „Центар за интеркултурен дијалог“ .
- Оваа трка има за цел да ги собере младите и заедно да се премостат етнички поделените заедници на овие три општини преку спортски настани, наведуваат организаторите.
Првите две етапи од овој проект беа трките одржани во Липково и Старо Нагоричане. Со трката во Куманово ќе се заокружи проектот.
На настанот ќе присуствуваат претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, градоначалници на општините, претставници од СВР Куманово, директори од здравствените домови од трите општини и други гости.
Награди и благодарници ќе им бидат доделени на најдобрите.
Проектот е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Ново на Сител
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дебакл на Шукова и Филипче, уште непочнат им пропадна осмомартовскиот марш
-

Трамп: Иран е принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади
