Во Куманово се одржа 14. „Пивтијада“
Околу 400 чинии пивтии се подготвени на 14. традиционална манифестација „Пивтијада“, во организација на Мултимедијалниот центар „Карпино“, што денеска се одржа во кумановската населба Карпош.
- Станува збор за веќе добро позната манифестација, на која освен кумановци учествуваат и гости од повеќе градови од државата и која 14 години успешно опстојува во духот на денешниот празник Богојавление-Водици, рече претседателот на здружението Мултимедијален центар „Карпино“ Зоран Павловски.
Тој информира дека денеска се одржа и натпреварувачкиот дел во кој учествуваа десетина домаќинки. Стручно жири, составено од технолог, уметник и готвач ги оценуваше пивтиите и декорираните маси со пресна погача и вино. Годинава највкусна пивтија ја подготви учесничката Милка Милошевска.
- Пивтиите треба да се варат најмалку шест или седум часа и не треба да се додава вода. Јас додавам многу малку, од 250 до 500 грама вода. За добра пивтија треба квалитетно месо и треба да се варат на тивок оган, изјави Милошевска.
Денеска беше извршено и примопредавање на кумството. Стариот кум Христијан Георгиевски изјави дека кумството му донело среќа и просперитет на личен и професионален план. И новиот кум Драган Чунгурски, честитајќи им го празникот на присутните изрази надеж дека кумството ќе му донесе просперитет, здравје, среќа.
На манифестацијата учествуваа и најмладите од градинката „Ангел Шајче“, Детскиот градски хор, а настапија и групи од Куманово.
Ново на Сител
-
Златен глобус 2025: Доминација на „Бруталист“ „Емилија Перез“ и „Шогун“
-
Лепче со паричка на Бадник или на Василица?
-
Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-
Православните христијани го слават Бадник
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради бадникарските манифестации
-
МААЕ информира за силни експлозии близу Запорожје АЕЦ
-
Зеленски тврди дека Лукашенко му се извинил на почетокот на војната
-
Обилни снежни врнежи го парализираа воздушниот сообраќај во Северна Европа