Во Куманово отворена изложба за Ана Франк

Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“, која ја организираат Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам, денеска беше отворена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Изложбата се организира во Македонија во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“, а посетителите имаат можност да разгледаат триесет и девет изложбени панели кои пренесуваат детали од животот на Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна.
Анита Зафировска од Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово информираше дека изложбата е круна на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“. Проектот, како што рече, има за цел да го покрене вниманието и да поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти во минатиот век.
На отворањето на изложбата присуствуваше и холандскиот амбасадорот во Македонија Вилем Воутер Пломп, кој изрази задоволство од отварањето на изложбата во Куманово, која претходно била отворена во десет останати градови од државата.
- Среќен сум што ја поддржуваме оваа изложба. Таа ја раскажува приказната за Ана Франк, меѓутоа она што е исклучително во овој проект, во оваа изложба е што приказната за Ана Франк ја раскажуваат млади луѓе, средношколци, изјави амбасадорот Пломп.
Тој нагласи дека иако многумина ја знаат приказната за Ана Франк важно е таа приказна постојано да се прераскажува. Според него, најголемо влијание и впечаток приказната остава кога се раскажува од млади луѓе.
- Штотуку разговарав со некои од средношколците кои се презентери на оваа изложба и мислам дека тие многу јасно ја разбрале пораката на изложбата, а тоа е дека треба да се надминат поделбите во општеството. Мислам дека кога се работи за поделбите во општеството, било да се тоа поделби врз основа на раса, вера, сексуална ориентација, многу е важно младите да ги разберат и да се обидуваат да ги надминат овие поделби. И ако ние можеме барем малку да придонесеме за намалување на овие поделби преку организирање на ова изложба во 11 градови во Македонија, тогаш би бил многу среќен, изјави амабасадорот.
Во Македонија изложбата доби поддршка од Министерството за надворешни работи, Министерството за култура, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија. Изложбата освен во градовите во Македонија, претходно била поставена во 40-тина држави, а кумановци ќе имаат можност да ја разгледаат наредните десетина дена.
Ново на Сител
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
