-->
-->
Во Куманово отворена 52-та Меѓународна струмичка ликовна колонија
-->

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ во Куманово синоќа беше отворена 52-та Меѓународна струмичка ликовна колонија, чиј организатор и координатор е НУ „Антон Панов“ од Струмица.
Кумановци имаа можност да проследат 37 дела од 18 уметници од повеќе држави кои ги создаваа делата во рамки на реномираната колонија. Уметниците кои твореле на колонијата најчесто продуцирале слики масло на платно и графики.
На отворањето на колонијата во Куманово присуствуваше и директорот на струмичкиот Центар за култура, Иван Јовев.
- Уметниците во својот препознатлив стил истакнувајќи го својот ликовен ракопис и специфичностите кои произлегуваат од него, инспирирани од градот Струмица и неговата околина направија записи на платно забележувајќи ги нивните импрессии од овие простори,при што се забележуваат различни стилови и правци, бидејќи на колонијата учествуаат уметници од различни држави, припадници на различни генерации, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметноста од кумановскиот Центар за култура.
Делата од 52-та Меѓународна струмичка колонија, кумановци ќе имаат можност да ги видат до 20. октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мисајловски: Имаме стабилна и безбедна ситуација, тоа што го прави претседателот Трамп за мирот го поздравуваме
-

Франција: Речиси 70.000 смртни случаи поради тутун, голем товар за јавното здравје
-

ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
-

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор од Прилеп
-

ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото
-

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
