Во Куманово отворен Комплексот базени
Во Куманово синоќа беше отворен Комплексот со затворен и отворен базен, лоциран непосредно до спортската сала. Инвестицијата е на општина Куманово и е вредна 200 милиони денари. Комплексот, освен што ќе го користат граѓаните за рекреација, ќе можат да го користат и спортските клубови за тренинг, ватерполо, пливање, а училиштата за развој на спортот.
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски на отворањето изјави дека станува збор за капитална инвестиција и е еден од најубавите комплекси кои ќе ги поттикне младите да се занимаваат со пливање, ватерполо, но да го користат и за рекреација.
- Затворениот базен со пропратни простории зафаќа површина од 3.200 квадратни метри, комерцијалниот дел е 1.300 метри квадратни и има можност за отворање на спа центар и хотел. Отворениот базен додаде е со површина од 1.990 квадратни метри, од кои 500 метри кавдратни е самиот базен, комерцијален дел е 120, додека 250 метри квадратни е партерното уредување наменето за рекерација, рече Дамјановски.
Тој додаде дека ќе се чека на одлука на Советот на општината за начинот за стопанисување со комерцијалниот дел, преку јавно-приватно партнерство или концесионерство.
Дамјановски изјави дека отворањето доцни година и половина, поради финансиските услови.
Секој од базените има капацитет за прием на околу 200 гости. На затворениот базен има трибини со капацитет за приближно 500 гледачи. Предвидено е партерно и хортикултурно уредување со мал парк пред Комплескот базени со фонтани.
Првично со базенот ќе стопанисува Одделението за спорт од општината, поради како што објасни, Дамјановски на прес- конференција, оддржана минатата недела, законски ограничувања со комплексот да стопанисува едно од јавните претпријатија во градот. Цените, нагласи тогаш се различни, за деца до седумгодишна возраст влезот ќе биде бесплатен, за деца од 7 до 14 години е 75 денари, додека за возрасни 150 денари. За затворениот базен пак, како што нагласи поради, повисоките трошоци за одржување, цената е 200 денари.
На синоќешното отворање на Комплексот присуствуваше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев со членови на потесното раководство на партијата.
Ново на Сител
-
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица
-
Полска и САД потпишаа договор за поддршка на системот „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари
-
Откриени дилери на марихуана и амфетамин, поведена истрага
-
Полицијата трага по двајца штитеници од Јавната установа за згрижување деца
-
Во прилепско село пронајдена граната од Прва светска војна
-
Кривична за стружанец, градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридско Езеро
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад
-
Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците