Во Куманово лани собрани над 2.700 крвни единици
Во Куманово минатата година се собрани 2.763 крвни единици во 39 крводарителски акции, што е зголемување за 290 крвни единици во однос на 2015 година, информираат денеска од Црвениот крст.
Според Ива Младеновска од општинската организација на Црвениот крст, тие се задоволни од бројот на крводарувања минатата година, особено ако се спореди со пред пет-шест години кога бројот на собрани единици е околу 1.800.
Благ пораст на бројот на крводарувања лани се забележува во одделението за трансфузиона медицина во Куманово, кое беше реновирано. Таму, според информациите на кумановскиот Црвен Крст, крв даруваат најчесто редовните крводарители.
Граѓаните се повеќе се свесни за хуманиот аспект од крводарувањето, што според Младеновска се должи на континуираните апели на организацијата за вклучување во акциите, одличната соработка со Институтот за трансфузиона медицина и поддршката од медиумите.
Годинава планирано е да се одржат околу четириесетина крводарителски акции, со граѓански здруженија, средни училишта, во јавни институции и установи и приватни компании. Во втората половина на јануари, најавија од кумановскиот Црвен крст ќе се одржат две крводарителски акции во граѓански здруженија.
Ново на Сител
-
Македонска делегација предводена од премиерот Мицкоски учествува на Минхенската безбедносна конференција
-
Протестен марш „Кој е следен“
-
Британскиот премиер: Европа мора да преземе поголема улога во НАТО
-
Најмалку 18 загинати во стампедо на железничка станица во Њу Делхи
-
Австралија воведува двегодишна забрана за странци за купување недвижен имот
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
-
Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа
-
Двајца кавадарчани нападнале полицаец во угостителски објект, подоцна пресметката продолжила во болница