Во Куманово лани собрани 2.600 крвни единици

Кумановци во минатата 2015 година дарувале 2.600 крвни единици во 42. крводарителски акции кои ги организираше Црвениот крст, информираа денеска надлежните од Основната организација на ЦК на Куманово.
Оваа бројка на крводарувања незначително е намалена во однос на претходната година, но не отстапува од просекот на собраните крвни единици споредено со претходните неколку години.
- Задоволни сме од бројот на ланските крводарувања, особено ако се спореди со пред пет-шест години кога бројот на собрани крвни единици се движеше до 1.800, изјави Ива Младеновска, стручен соработник за здравство во Општинската организација на Црвениот крст.
Таа посочи дека во минатата година, благ пораст на бројот на крводарувања е забележан кај вработените во приватниот сектор. Граѓаните, додаде, се повеќе се свесни за хуманиот аспект од крводарувањето, што се должи на континуираните апели на организацијата за вклучување во акциите, одличната соработка со Институтот за трансфузиона медицина и поддршката од медиумите.
И годинава, како што рече, планирано е да се одржат околу четириесетина крводарителски акции со граѓански здруженија, средни училишта, во јавни институции и установи и приватни компании.
Во втората половина на јануари, најавија од кумановскиот Црвен крст, ќе се одржат три крводарителски акции во просториите на приватна компанија, граѓанско здружение и политичка партија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
