Во Куманово ќе се одржи 12. меѓународен тамбурашки фестивал
На градскиот плоштад во Куманово во петок и сабота по 12-ти пат ќе се одржи меѓународниот тамбурашки фестивал, соопштија на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Куманово,Зоран Дамјановски и надлежните од Фондацијата за култура и спорт.
На двете фестивалски вечери ќе настапат шест тамбурашки оркестри од Македонија и земјите од соседството.
- Годинава во однос на претходните години, имаме побројни оркестри кои бројат помеѓу 20 и 25 члена.Ќе настапат реномирани тамбурашки оркестри кои ќе понудат одличен избор на музика за љубителите на тамбурата, изјави Нино Величковски, уметнички директор на фестивалот.
На првата фестивалска вечер ќе настапат „Трио Гранде Плус“ од Кавадарци со специјален гостин Бубо Каров,по што ќе настапи кумановската група „Амадеус“ и Игор Васиљков. По нив следува настапот на градскиот тамбурашки оркестар „Бранко Радичевиќ“ од Рума,Србија. Првата фестивалска вечер ќе ја затвори ансамблот „Здравка Ќосиќ“ од Бања Лука.
Втората вечер ќе ја отворат домаќините „Наши тамбураши" и Нино Величковски со Ивона Јовановиќ и Мартинијан Кириловски, а вториот дел од вечерта ќе биде посветена на словенечката музика со настапите на тамбурашките оркестри „Шмартно" од Литија и „Цирковице" од Словенија.
- Традицијата продолжува,успеваме да создадеме престижен фестивал во Македонија кој ја афирмира тамбурашката музика,единствен фестивал со ваков вид музика во државата, изјави граадоначалникот Дамјановски.
И годинава меѓународниот тамбурашки фестивал се одржува со поддршка на градоначалникот и советот на општина Куманово и на Министертвото за култура, за што се одвоени 600.000 денари.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит