Во Куманово јавна дебата за поквалитетни услуги до граѓаните
Јавна дебата за обезбедување услуги од единиците на локалната самоуправа и подобрување на нивниот квалитет ќе се одржи денеска во Куманово, а на неа ќе бидат презентирани истражувањата на Центарот за управување со промени како резултат на следењето на општините.
Фокус на настанот ќе бидат резултатите од следењето на локалните самоуправи во делот на јавни услуги во североисточниот регион, кое беше спроведено од страна на граѓанските организации Мултиетничко и невладино здружение Линда Куманово и Здружение Млади европски федералисти – ЏЕФ Македонија.
На јавната дебата ќе земат учество претставници на единиците на локалната самоуправа во североисточниот регион, заедно со претставници на локални граѓански организации.
Јавната дебата се организира во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ финансиран од Европската унија, а кој го спроведуваат Центарот за управување со промени, во партнерство со Асоцијацијата за менаџмент консалтинг 2000 и Центарот за истражувачко новинарство СКУП.
Проектот се фокусира на воспоставување стандарди за добро управување во единиците на локалната самоуправа, преку прилагодување на одредниците на ЕУ поставени во Начелата на јавната администрација изработени од СИГМА.
Врз основа на овие стандарди, локални граѓански организации вклучени во проектот ја следат работата на локалните самоуправи во пет области: развој и координација на политиките и стратегиите, управување со човечки ресурси, транспарентност и отчетност, обезбедување услуги, и управување со општинските финансии.
Ново на Сител
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник

