Во Куманово 19 нови позитивни случаи на коронавирус
Нови 19 позитивни случаи на ковид -19 во Куманово. Градоначаникот на Куманово, Максим Димитриевски, за Телма изјави дека според последната информација која ја добил Општинскиот кризен штаб бројката на заболени од овој вирус на ниво на општина Куманово се искачила на 160, додека во оштина Липково има два нови случи, а вкупно осум, со што вкупниот број на заболени од ковид-19 во кумановско е 168.
Информациите се дека најмалку едно лице од новозаразените 19 позитивни е медицински работник.
Димитриески притоа вели дека побарале од Комисијата за здравство да изврши увид во Градската болница и да излезе со став за нејзината функционалност, како и да се затвори акушерско-гинеколошкото одделение. Димитриевски информираше дека во моментов Комисијата е на лице место таму и во очекување се на нејзните ставови и видувања.
Според него најбитно е тестовите и брисевите кои се испраќаат на анализа во Институтот за јавно здравје во Скопје на анализа да стигаат навремено за да можат да имаат теренските епидемиолози во Куманово комплетна епидемилошка слика за состојбата во градот.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава